Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ ги поддржа Реформаторите на ДПМНЕ - Повик до сите чесни патриоти во партијата

ФРОДЕМ ги поддржа Реформаторите на ДПМНЕ - Повик до сите чесни патриоти во партијата

Движењето ФРОДЕМ предводено од Јове Кекеновски кое прво се крена за реформи внатре во ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа новата иницијатива од неодамна формираниот Републички штаб за реформи.

„ Бевме свесни дека партизацијата на државата како антипод на демократското уредување својот корен го имаше и се уште го има во статутарната поставеност во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа недемократска поставеност создаде услови за султанско внатрепартиско владеење и авторитарно популистичка инвазија и метастаза на целиот политички систем“ се вели во соопштението..

Од таму додадаваат дека ФРОДЕМ е подготвен за соработка и за заеднички реформи за демократизација на партијата, чија прва задача треба да биде ослободување од криминалните структури.

„ФРОДЕМ стои на располагање за заедничко враќање на внатрепартиската демократизација, пред се преку враќање на изворните статутарни одредби од 1990 година и затоа ја поддржуваме секоја искрена иницијатива која ќе води кон демократски внатрепартиски реформи. Поддржуваме враќање кон изворните, искрени демохристијански вредности и политика на конструктивен политички ривалитет кој никогаш повеќе нема да ги дели граѓаните на патриоти и предавници. На државата и се потребни чесни партии, чесно членство и вистински патриоти кои треба да ги има во сите партии“, се наведува во соопштението.

ФРОДЕМ конкретно ја поздравува иницијативата на Републички штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕза реформирање на партијат, се разбира, доколку не е во спрега со одредени струтури во партиската озлогласена вршушка односно доколку не се работи за уште една нечесна партиска игра за одвлекување на вниманието од актуелните истражни и предистражни активности на надлежните изнституции.

„Истовремено ги поттикнува сите патриотски сили во партијата и симпатизерите да земат активно учество во демократските промени. Внатрепартиските демократски промени за своја крајна цел ја имаат ВМРО-ДПМНЕ како трансформирана, демократска, модерна партија која се залага за стабилен поредок, владеење на законот и правично судство, брз економски развој и висок стандард и конечно забрзана евроатланска интеграција на Македонија“, велат од фронтот.

На крајот ФРОДЕМ уште еднаш потенцира дека ќе ги вложи сите свои сили за реформа во ВМРО, за реално оживотворување на акронимот Демократска партија за македонско национално единство“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ. 


Слично

Поврзани вести