Фрлил тегла кон автобус на ЈСП и повредил патник
Непознат сторител од надвор фрлил тегла кон автобус на Јавен сообраќаен превоз - Скопје, при што се скршило стакло на возилото и бил повреден патник.
- На 18.07.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека додека автобус бр.7 се движел по бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје, непознато лице од надвор фрлилo тегла кон автобусот и скршило стакло од прозорец, при што со повреди се здобил патникот Т.Б.(61) од Скопје, објави МВР.
Како што извести полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.. Не се споменуваат иницијали на сторителот, со што најверојатно истиот не е идентификуван.
Слично
