Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрижидерите подготвени, вакцинацијата почнува во среда во модуларната болница

Фрижидерите подготвени, вакцинацијата почнува во среда во модуларната болница

Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, објави министерот за здравство непосредно пред пристигнувањето на вакцините од Србија.

Филипче беше и на Табановце на официјалното примопредавање на вакцините од Србија. Стасуваат 4.688 дози од најавените 8.000 а останатите треба да стигнат деновиве.

Министерот рече дека бил потпишан трипартитниот договор со Фајзер. Вакцинацијата ќе почне во среда по завршувањето на регуларната процедура во текот на утрешниот ден и ќе се извршува во модуларната болница кај Клиниката за инфективни болести. Први ќе се вакцинираат здравствените работници.

„Вакцините се денеска во нашата земја. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, потенцираше Филипче.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.


Слично

Поврзани вести