ФРИДОМ ХАУС: Македонија е единствената земја од Балканот која е „неслободна“
Македонија е единствената земја од Балканот која е рангирана како „неслободна“ во најновиот извештај на Фридом хаус објавен денеска насловен како „Слобода на печатот 2017“.
Другите земји од регионот се во групата на „делумно слободни“. Постои забелешка дека лани имало „остар пад“ во медиумската сфера во соседна Србија. Во извештајот во кој се опфатени 199 земји пишува дека само 13% од светската популација живее во земји со слободни медиуми, 42% во земји со делумна слобода, додека 45% во земји кои немаат слобода на печатот. Фридом хаус наведува дека кога медиумите се напаѓани од политички лидери во САД, тоа ги охрабрува и владите ширум светот да го прават истото. Загриженост за зачестените закани против медиумите и новинарите во светот деновиве дојде и од Комитетот за заштита на новинарите и од Репортери без граници во нивните извештаи пред Светскиот ден на слободата на печатот на 3 мај.
Од групата делумно слободни, нашата земја лани во април влезе во групата на неслободни земји во однос на слободата на печатот, објави тогаш Фридом Хаус
