Фрчоски: Заев премногу лично го поднесе поразот, треба да направи солидно скопско крило
Аналитичарот Љубомир Фрчкоски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека премиерот Зоран Заев премногу лично си го сватил поразот на СДСМ на локалните избори, што резултирало со непромислена оставка на партиската и државната функција откако се соочил со „голем адреналински набој“.
- Мислам дека, знаете, тој се поистовети со кампањата за локални избори. Аналитичките тимови и тие што го испитувале јавното мислење погрешно го советувале. Сите згрешиле и тоа не малку., Тоа треба да си го анализираат. Сите оценувале дека треба да влезе во поддршка на кандидатите и тоа не излезе како што треба. Тоа тој го примил лично. Сега видел дека оставката има поголеми последици отколку што очекувал. Партијата без него ќе беше поголем проблем, рече правниот експерт.
Според професорот, СДСМ требало во 2017 да направи нови парламентарни избори и таа лавина кога освоија 70 општини на претходните локални избори да ја искористат, како што вели тој, за двотретинско мнозинство во парламентот, при што денеска партијата немало да има проблем со стабилноста во Собранието.
- ВМРО-ДПМНЕ се „колатерални“ добитници кои не го добија неутралниот сектор, наведе Фрчкоски и наведе дека Оливер Спасовски, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Венко Филипче во моментов се во „полуоставка“, а на Заев му порача да направи „саглам скопско крило“ во партијата.
За Фрчкоски, СДСМ секогаш се одликувал како толерантна партија, а разидувањето со Максим Димитриевски од Куманово било „не-сдсмовски“.
