Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрчковски: Сакаа да ме замолчат!

Фрчковски: Сакаа да ме замолчат!

Правосудството и реформите кои треба да се спроведат е доведено во прашање? Зошто членовите си поднесуваат оставки?

Низа обвинувања за Владата дека сама се обидува да ги креира законите во секторот кој треба да претрпи сериозни реформи и ги маргинализира членовите на советот.

Реформите одат пребавно, Советот за реформи е само декор, а сугестиите на членовите речиси и да не се прифаќаат.

„Нашиот Совет е направен да функционира како еден вид супервизор и еден центар на идеи за како да се развива судската реформа и токму затоа таков е и составот, односно во него има професори, судии.. Составот е многу посилен од другите ангажирани работни тела кои ги прават законите во Министерството за правда и воопшто од самото Министерство. Тука има проблем, едноставно некои се исплашиле од тој конструкт на Советот, некои луѓе од Министерството и другите тела во рамки на него кои ги прават законите. Се плашат таквиот состав на Советот да не се наметне, да не го креира целиот процес бидејќи тие сакаат да „држат банка“ и да кажуваат што како – вели Фрчкоски кој посочува дека не им се дозволува да работат, им се даваат работи за кои веќе Министерството или Владата донеле одлука.

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски и Мерсим Максути кои се членови во Советот за реформи во правосудството дебатираа на оваа тема синоќа на ТВ 24.

Кој и зошто барал од Фрчковски да молчи?

Гледајте во видеото.


Слично

Поврзани вести