Фрчковски: Мислам дека ќе излезе победничка варијатна за тој што ќе го реши спорот
Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на Телма изјави дека сега климата во Македонија за решавање за спорот за името со Грција е многу подобра, отколку порано.
Вели дека цената која политичката елита ќе ја плати нема да биде толкава како што се плашевме порано.
„Има активни поддржувчи за решение, има пасивни поддржувачи, а дури и во најголемите опоненти, има размислувања дека подобро оваа Влада да го реши спорот, за да се тргне тој проблем. Мислам дека ќе излезе победничка варијатна за тој што ќе го реши спорот, а не губитничка“ - рече Фрчковски.
За Законот за употреба на јазиците вели дека е заснован во Охридскиот договор и според него не е во конфликт со она што е пропишано со Уставот.
Слично
