Фрчковски и Поповски главни оратори за уставните измени во Влада
Професорите Љубомир Фрчкоски и Владо поповски ќе бидат главните оратори денеска во дебатата во Влада во рамките на следната фаза од петдневна расправа за уставните измени пред да се премине на гласање во Собранието.
Со јавната расправа во Владата започнува третата фаза од постапката за уставни измени во рамките на спогодбата од Преспа а ќе трае пет дена, заклучно со денешниот, по што дебатата ќе се сумира во узвештај кој ќе биде испратен во Собранието, а таму Џафери ќе треба да закаже пленарна седница на која ќе биде потребно одобрување од двотретинско мнозинство.
На расправата предвидено е да говори и премиерот Зоран Заев, а во следните денови најавени се јавни дискусии и со други експерти.
Слично
