Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрчкоски: За решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи

Фрчкоски: За решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека нема да се создаде национален консензус за спорот за името. 

За решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа секогаш и во секое општество било така, смета тој. 

„Очигледно е дека работите се тргнати. Средбата на премиерите од четири саати зборува и симбoлично и реално дека расчистиле некои детали и мислам дека проблемот може да се затвори во најбрза иднина, овој проблем од 18-20 години. Решението ќе биде одржливо, такво да не задира во националното достоинство и идентитет и за тоа ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа така секогаш било, во секое општество донесено за вака клучни прашања“ - смета професорот. 

Мислам дека ќе бидат донесени решенија, тие потпишани во Собрание, ние примени во НАТО во една брза постапка и тоа ќе создаде една сосема нова клима која потоа дури и да се оди на референдум ќе ја обуслови одлуката на референдум со позитивните импакти и со одржливоста на решението, додава Фрчкоски. 

Слично

Поврзани вести