Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрчкоски и Руси официјално предложени за амбасадори во Њујорк и Софија

Фрчкоски и Руси официјално предложени за амбасадори во Њујорк и Софија

Љубомир Фрчкоски, Агрон Буџаку и Агнеса Руси Поповска по добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Стево Пендаровски се утврдени како предлози за амбасадори од Министерството за надворешни работи.

Руси Поповска е назначена за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Буџаку за Канада и Фрчкоски во Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.

„Со ова, бројот на пополнети места - амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24.

Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи“, објави Бујар Османи, министерот за надворешни работи.


Слично

Поврзани вести