Фрчкоски го осуди МВР за бегството на Груевски
Професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски го осуди МВР за бегството на поранешниот екс-премиер Никола Груевски и можноста да побара азил во Унгарија непосредно пред да започне да ја издржува казната од две години затвор за случајот „Тенк“.
Поранешниот министер за внатрешни работи како и кандидат за претседател на државата од редовите на СДСМна социјалната мрежа Фејсбук излезе со свој коментар за последните случувања во државата.
- Тоа е доказ за неспособноста на МВР и политиката на неказнивост, што ќе биде проблем за условоит „владеење на правото“ за влез во ЕУ. МВР има обврска на лице на кое му е одземен пасошот да му стави до знаење дека не смее да ја напушти државата и тоа да го обезбеди. МВР службено е должно да го спречи лицето. Не сваќаат какви последици ќе има ова. Нема да заврши добро - вели Фрчкоски во еден од своите коментари.
