Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрчат казни, апсења и кривични пријави во Македонија за непочитување на забраните

Фрчат казни, апсења и кривични пријави во Македонија за непочитување на забраните

Јавното обвинителство соопшти дека се поднесени девет кривични пријави поради прекршување на владините мерки за превенција од проширувањето на вирусот ковид-19. Кривични пријави се поднесени против 4 лица во Штип и уште 5 за граѓани од Струмица, Велес и Тетово.

Дополнително, Обвинителството во Гостивар до гостиварскиот суд поднело казнен налог против управител на угостителски објект, кој на 16 март послужувал храна на гостин седнат на маса во својата просторија.

Инаку, полицијата објави дека синоќа во гостиварски Добридол го уапсиле 57-годишниот В.Џ., откако по заедничка контрола со Државен пазарен инспекторат во неговата кафетерија (интернет кафе) биле затекнати 12 гости. Управителот веднаш ќе биде изведен пред судија во претходна постапка.

Слично

Поврзани вести