Францускиот советник Лефон: Да и се дадат повеќе ресурси на Антикорупциската комисија
Франсоа Лефон, советник на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, инаку испратен од Француската влада.и живее и работи во Скопје, вели дека новата методологија која ја заговара Франција и која допрва треба да биде гласана во Брисел треба да и донесе побрзо членство на Македонија во ЕУ.
– Нема причина да почнете преговори и да кажете: „Нема проблем, нека потраат 10-15 години, не е важно." Важно е. Затоа што ја поткопувате способноста на ЕУ да го почитува предлогот и надежта на народот. Отворањето преговори треба да значи дека ќе бидете член на ЕУ, а не само да се отворат колку да се рече: „Добро, одиме полека, 10-15 години, не ни е гајле." Тоа не е целта на новата методологијa. нагласува францускиот експерт, вели Лефон.
Тој додава дека периодот на техничка влада пред парламентарните избори не треба да ги закочи реформите и побара да и се дадат повеќе ресурси на Државната комисија за спречување на корупцијата.
– Сè уште ќе има време за добри решенија и напредок во одредени области. Ако навистина сите политички партии се за членство во ЕУ како што велат, треба да се способни да се договорат околу реформите за да ѝ докажат на Европската комисија дека се посветени на доброто на земјата. Инаку, ќе видиме дека ова се само политички игри, и една од причините што не го добивме Законот за СЈО. Опозицијата не сакаше да му даде на мнозинството таков подарок пред изборите. Двотретинско мнозинство не беше можно. Ако партиите се посветени на европскиот пат, ќе сфатат дека овој момент е поважен од нивните политички игри. Па дури и со техничка влада би можеле да направиме некои работи. Во врска со Антикорупциската комисија, на пример. Сите знаеме дека на комисијата ѝ недостасуваат човечки ресурси и буџет, вели Лефон.
Тој додаде дека еден од критериумите на францускиот концепт е Македонија да биде повеќе застапена во програмите на ЕУ на барање на францускиот претседател Емануел Макрон.
- Третата димензија што ја посочи е дека граѓаните не гледаат напредок во текот на преговорите ниту, пак, конкретни програми. Францускиот претседател побара граѓаните да добијат појасна претстава за проширувањето. Ова подразбира конкретни програми. Македонија е веќе во програмата Еразмус и 2020, како и во други активности на ЕУ, но да се обидеме да најдеме и други програми (и финансирање во таа насока) за граѓаните да разберат дека сме отвориле одреден број поглавја и тие се осигурани, вели советникот.
Пчекува дебатата во ЕУ за предложената методологија да заврши во март 2020 година и дека земјата има шанси да го добие побргу очекуваниот датум за преговори.
– Да. Тајмингот е малку тежок. Март е избран бидејќи тогаш е следниот Европски совет, а потоа следи самитот во Загреб со учество на сите земји членки на шефовите на држави или влади на земјите од Западен Балкан. Така што идеално би било во март, како што беше споменато во заклучоците на Европскиот совет, да донесеме одлука пред самитот во Загреб на 6-7 мај. Не знам кој ќе биде предлогот на Комисијата за новата методологија. Не знаеме што ќе се случува во Албанија и во Македонија. Треба државите да продолжат со реформите за да бидат што е можно поподготвени за преговорите.
