Економија, финансии, бизнис

Контакт

Францускиот предлог ја бутна владината веб страница - големиот интерес направи таа да не може да се отвори

Францускиот предлог ја бутна владината веб страница  - големиот интерес направи таа да не може да се отвори

Францускиот предлог по се изгледа дека го бутна веб сајтот на Владата.

Откако премиерот Димитар Ковачевски во присуство на владините коалициони партнери одржа пресконференција на која рече дека веднаш по нејзиното завршување францускиот предлог ќе биде ставен на владината веб страница, таа веќе не може да биде отворена. 

Причина е големиот интерес кај сите чинители во опшетството да прочитаат што содржи овој предлог за кој Владата вели дека е добра основа.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека новбиот предлог ќе значи целосно прифаќање на македонскиот јазик и протоколот нема да биде вклучен во преговарачката рамка.

Ковачевски рече дека предлогот ги задоволува македонските црвени линии, а ќе биде транспарентно објавен.

Владата до медиумите го испрати и линкот со францускиот предлог, но и тој не може да биде отворен.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести