Економија, финансии, бизнис

Контакт

Францускиот предлог е добар, но Радев има долга листа на барања

Францускиот предлог е добар, но Радев има долга листа на барања

Бугарскиот претседател Румен Радев покажува дека е задоволен од францускиот предлог за кревање на ветото, но тука не застанува и има уште барања. 

Вели дека барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија мора да се направи пред почетокот на преговорите.

„Францускиот предлог е чекор во вистинската насока, но уште голем број прашања треба да се разјаснат пред да се укине ветото“, вели Радев.

Тој бара и јасни механизми и мерливи критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражбата и фалсификувањето на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и за зачувување на бугарското културно наследство, искоренување на говорот на омраза, рехабилитација на жртвите само затоа што се нарекувале Бугари.  Радев бара гаранции. 

Македонија треба прво да ги внесе Бугарите во Уставот, па потоа да ги почне преговорите. Ова го потврди бугарскиот премиер Кирил Петков по повод францускиот предлог за кревање на ветото кој стигна во Софија. 

Тој изјави дека можно е следната недела да отиде во Брисел на состанокот на Европскиот совет и да опстои на ветото ако бугарскиот парламент не донесе одлука за францускиот предлог.

Слично

Поврзани вести