Економија, финансии, бизнис

Контакт

Францускиот државен секретар за европски прашања уверува дека предлогот не е против македонските интереси

Францускиот државен секретар за европски прашања уверува дека предлогот не е против македонските интереси

Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон вели дека нивниот предлог за кревање на бугарското вето не е спротивен на македонските интереси, но бугарските преокупации треба да се земат во предвид на внимателен начин. 

Тој кажа дека засега не може да изнесе детали за предлогот, затоа што е политички процес за кој уште се разговара. Сепак вели дека преговарачката рамка не е местото каде што треба да се одвиваат билатералните преговори.

„Отфрлам дека ова би било против интересите на Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин“, рече Бон. 

Во Македонија власта засега не го коментира предлогот, но ВМРО-ДПМНЕ бара да го отфрлат предлогот затоа што е уцена и според нив бугаризација на рати. Левица исто така е против предлогот. 

Левица ја повика власта да ги прекине преговорите со Бугарија. 

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски се заблагодари на Франција и го отфрли францускиот предлог. 

Овие денови францускиот предлог е топ тема и во Македонија и во Бугарија. Но,  во Бугарија има и партии и политичари кои сметаат дека тој е добар за нив. 

Слично

Поврзани вести