Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид

Двајца француски туристи се тешко повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера попладнe кај планинскиот превој Пресека. 

Повредени се уште четворица македонски државјани, од кои две деца, во сударот  помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.

- Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.


Слично

Поврзани вести