Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА ЗА ГЛАСАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ОН: Toa за нас беше неочекувано

ФРАНЦИЈА ЗА ГЛАСАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ОН: Toa за нас беше неочекувано

За Франција бил неочекуван ставот на Скопје во однос на резолуциите за Украина. 

Во однос на фактот што Македонија не гласаше за Резолуцијата чиј спонзор беше Франција, коментар имаше и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер.

„Навистина вие посочувате со прст важна тема, со гласањето на Северна Македонија во Њујорк, коешто за нас беше неочекувано“, изјави Ле Риголер.

Претходно од Министерството за надворешни работи(МНР) соопштија дека при носењето одлука да се поддржи Резолуцијата на САД, а не онаа на Украина и ЕУ, се воделе од темелна анализа на актуелните глобални надворешно-политички движења и не треба да се толкуваат како промена на позициите.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека ќе беше подобро, Македонија да гласаше за двете резолуции во Обединетите нации(ОН). 

Слично

Поврзани вести