ФРАНЦИЈА СО ДИРЕКТНА ПОРАКА: Четири критериуми мора да се исполнат
Министерката за европски прашања на Франција, Натали Лоазо денеска изјави дека Преспанскиот договор ги отвори вратите на НАТО, но што се однесува до ЕУ, Северна Македонија треба да ги исполни неопходните критериуми за реформи во клучните области.
Таа денеска во Скопје одржа прес конференција со нејзиниот домаќин вицепремиерот Бујар Османи.
„Станува збор за четири критериуми што се однесуваат генерално на правната држава: реформа на судството, борба против корупцијата, реформа на безбедносните служби и реформа на јавната администрација“, вели таа.
За тоа дали е отпимист дека Северна Македонија во јуни ќе добие зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ, Лоазо објасни дека тоа ќе зависи од тоа каква проценка ќе биде направена од страна на Европската комисија.
Лоазо дека како најдобрите пријатели Франција ги кажува работите такви какви што се без да ни дава розова слика.
Вицепремиерот Османи изрази оптимизам дека ќе може да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, откако ги надминавме споровите со соседите.
