Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција подготви нон-пејпер со своите принципи за проширување

Франција подготви нон-пејпер со своите принципи за проширување

Франција достави нон-пејпер со своите принципи за проширување на ЕУ.

Принципот на реверзибилност откога ќе почнат преговорите останува клучно барање и во нон-пејперот кој Франција го испратила до земјите-членки на ЕУ, а во кој РСЕ имаше увид.

Франција до земјите членки на Европската Унија пратила така наречен нон-пејпер во кој бара обновен пристап во процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, јавува дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел. Воедно од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да објави нова методологија за пристапниот процес која би се применувала во отворањето на преговорите со земјите-кандидатки.

Дописничката на РСЕ која имала увид во документот јавува дека официјален Париз во него ја потврдува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и смета дека целиот регион и припаѓа на Европа врз основа на својата историја, култура и географија.

Слично

Поврзани вести