Франција опоменува дека датумот во октомври не е загарантиран
Дека добивањето датум во октомври е неизвесно предупредува Франција.
Претставник на францускиот Сенат вели дека во моментот се случувала вистинска дебата помеѓу Владата и парламентарците за тоа дали земјата треба да добие датум годинава. Кристијан Кастања од Комитетот за европски прашања и Групата за пријателство меѓу парламентите, вели дека работеле на ова прашање и засега биле позитивни, но факт е дека е ситуацијата е неизвесна.
„Владата се обидува да дискутира за позицијата на Франција, додека парламентарците се обидуваат да дискутираат со колегите од земјите од Западен Балкан. Поради фактот дека тие дискутираат многу со парламентарци од регионот, можеби ќе ја информираат владата што се случува во регионот и која би била предност што овие земји би ја добиле со членството во ЕУ“, вели Кастања.
Од Франција, Германија и Холандија и претходно имаше пораки дека Македонија мора да работи на реформите, но како многу важен беше спомнат законот кој ќе ја реши иднината на СЈО.
