Франција ја повика Македонија да работи на реформите
Франција го потпиша протоколот за НАТО и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската Алијанса, вели во интервју за МИА француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.
Што се однесува до ЕУ пристапните преговори со Северна Македонија ќе се отворат откако земјата ќе ги исполни сите критериуми, додаде таа.
„Европската Унија пак, од своја страна, ќе треба прво да ги реализира неопходните реформи за нејзино реформирање пред да се случи ново проширување“, вели таа.
Лоазо најавува дека во следниот период ќе продолжи француската поддршка за Академијата за судии и јавни обвинители, за постигнување на ефикасна и независна администрација, а меѓу другото посакуваат зголемување на активностите на РИКО, организација основана со поддршка на Франција и на Германија на самитот во Париз за Западен Балкан во 2016 година, која предвидува реализација на проекти и движење на младите во регионот.
Вели дека последните две години Скопје направи извонреден напредок за регионалното помирување и благодарение на храбрите одлуки се надмина историскиот спор со Грција.
