Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција ја блокираше Македонија, Жерновски отиде на Конференција на Франкофонијата

Франција ја блокираше Македонија, Жерновски отиде на Конференција на Франкофонијата

Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи ја испочитува Франција со учество на 36-тата министерска Конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата, која се одржува во Монако. На годинешната Конференција на Франкфонијата учествуваат министри и претставници на држави и влади на 88 земји од сите континенти во кои се говори и користи францускиот јазик.

„Ние ги разбираме позициите на Франција во однос на ЕУ и нејзиното проширување и не бегаме од новата методологија која се најавува. Напротив, го поддржуваме секој нов процес што ќе придонесе за поефективна трансформација на нашето општество, но европската перспектива на Репубика Северна Македонија не смее да биде доведена во прашање”, рече Жерновски за време на својот говор во кнежевството.

Тој повтори дека сторената грешка со недоделувањето на датум за преговори на нашата земја за членство во ЕУ, која грешка е нотирана и во последната Резолуција на ЕП, треба да се коригира во интерес на стабилноста на регионот и на цела Европа.

„Мојата земја мора да ги започне преговорите со ЕУ, како сигнал за продолжување на реформите за кои токму Франција се залага”, додаде заменик-министерот.



Слично

Поврзани вести