Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА, ГРЦИЈА, КИПАР, УНГАРИЈА - кој ќе каже „да“ за на Русија да и се забрани пристап до мрежата SWIFT

ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА, ГРЦИЈА, КИПАР, УНГАРИЈА - кој ќе каже „да“ за на Русија да и се забрани пристап до мрежата SWIFT

Повеќе земји од ЕУ - вклучувајќи ги Франција, Италија и Грција - рекоа дека ќе ја поддржат забраната за Русија да ја користи глобалната платежна мрежа Swift во обид да се направи дополнителен притисок врз земјата по нејзината инвазија на Украина.

Кипар и Унгарија, исто така, рекоа дека ќе поддржат таква мерка.

Овој потег, за кој има надеж дека ќе ја погоди руската трговија со тоа што ќе им го отежне бизнисот на компаниите во земјата, се смета за ескалација на санкциите врз режимот на Владимир Путин.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во четвртокот предупреди дека европските и американските политичари ќе имаат „крв на рацете“ доколку не поддржат забрана. Следниот ден, шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека забраната не добила „неопходното едногласност“, но дека ќе остане можност за разгледување во иднина.

Извор: Гардијан

Слично

Поврзани вести