Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција има услови за датум во октомври

Франција има услови за датум во октомври

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние повтори и дека за официјален Париз приоритет е реформа на унијата, а за земјава порача да продолжи со реформската агенда. 

“Беа направени чекори напред, останува уште работа и наредните месеци кои што се дадени до есен може да служат како повод за да се испорачаат дополнителни докази за вашиот капацитет да се реформирате и корисно да ги отворите преговорите”, рече Тимоние.

На ова одговори претседателот на советот Никола Поповски кој кажа дека земјава долго време е во чекалната на унијата, и повика реално да се согледа ситуацијата.

Следната шанса за земјава да го обезбеди посакуваниот датум за почеток на преговори со Унијата е на 17 и 18 октомври во Брисел за кога е закажана седницата на Европскиот совет, на кој се очекува да доминираат темите за конечниот излез на Британија од Унијата и новиот состав на Европската комисија.

Германскиот и францускиот амбасадор во земјава со пофалби за досега стореното.

Оваа година Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори бидејќи испиша успешна приказна за Западен Балкан, истакна германскиот амбасадор Томас Герберих. 

Слично

Поврзани вести