Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција ги поздрави уставните измени и очекува ратификација во Грција

Франција ги поздрави уставните измени и очекува ратификација во Грција

Франција ги поздрави уставните измени. 

Оваа земја, преку изјава на портпаролката на Министерството за Европа и за Надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил го поздрави конечното изгласување на уставните амандмани во Собранието, предвидено со Преспанскиот договор.

„Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор. Како што наведе и претседателот на Француската Република, Договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа. Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот“, стои во изјавата што ја  пренесува Амбасадата на Франција во Македонија.

На денот кога беа усвоени уставните измени, ЕУ, НАТО, и земјите од регионот го поздравија овој чекор кон НАТО и ЕУ интеграции. Со уставните измени стануваме Република Северна Македонија. 

Слично

Поврзани вести