Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција: Договорот ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат дијалогот и соработката

Франција: Договорот ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат дијалогот и соработката

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. 

„Франција потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување. Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање на погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото“- стои  во соопштението на француското Министерство за Европа и за надворешни работи.

Франција се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат дијалогот и соработката, особено на политички, економски и културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот.

Слично

Поврзани вести