Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фракција во „Левица“ тврди дека ќе го обедини членството

Фракција во „Левица“ тврди дека ќе го обедини членството

Членови на „Левица” кои се незадоволни од одлуките на партијата, а кои од судот очекуваат да изрече времена мерка за забрана за учество на парламентарните избори, формираа фракција  „Единство”.

„Формирана е поради организациски и стратешки грешки на дел од раководните органи, а нејзина цел е враќање на „Левица“ на вистинскиот пат и обединување на членството. Во изминатата година „Левица” покажа храброст, знаење, желба за промени, но не и политичка зрелост и мудрост. Не беше донесен Стратешки план, туку беа исполнувани желбите на одредени „лидери“- велат од фракцијата. 

Тие сметаат дека е прекршен партискиот статут, а имало и лаги и манипулации со членството.

Велат дека единствената цел на „Левица“ во даденава ситуација треба да биде пад на режимот. Од „Единство” објаснуваат  дека не е точна пренесената информацијата дека здружениот опозициски фронт не им понудил ништо, односно дека им биле понудени сигурни пратенички места, слобода во изразувањето, критиките кон грешните политики и влез во институциите.

Слично

Поврзани вести