Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАКЦИЈА ВО АЛТЕРНАТИВА: Кој пратеник му сврте грб на Африм Гаши?

ФРАКЦИЈА ВО АЛТЕРНАТИВА: Кој пратеник му сврте грб на Африм Гаши?

Се појави фракција во политичката партија Алтернатива.

Пратеникот Хисни Исмаили е избран за координатор на Координативниот совет на фракцијата. На состанокот синоќа во Тетово било кажано дека по неколкумесечни консултации меѓу дел од ограноците е донесена одлуката да се одделат од Алтернатива.

На средбата присуствувале претставници од 13 ограноци, како и претставнички од Форумот на жени и претставници од Младинскиот форум.

Советот едногласно го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир. Алтернатива во Собранието има двајца пратеници и тоа претседателот Африм Гаши и пратеничката Сафије Садики Шаини, откако претходно партијата ја напушти и пратеникот Скендер Реџепи.

Слично

Поврзани вести