Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ВО ШВЕДСКА ЗЕМАЛА 4000 ЕВРА ПЛАТА: Еве зошто денес живее на село

(ФОТО+ВИДЕО) ВО ШВЕДСКА ЗЕМАЛА  4000 ЕВРА ПЛАТА: Еве зошто денес живее на село

Јасмина Богучанин Сарван со семејството иако живеела во Шведска и земала плата од 4000 евра, се вратила во Србија и решила да живее на село. 

Купиле земјиште кај Дервенте и воделе сметка првиот сосед да им биде на 1 км оддалеченост затоа што сакаат да се занимаваат со производство на органска храна. 

Таа вели дека во град се живее брзо, а сите пари одат за сметки, храна, кирии. 

Богучанин Сарван раскажува дека животот во Шведска не е за нив. 

„Тоа е роботски живот. Ние отидовме затоа што добив работа за која имав плата од 4000 евра. Но, кога од 4000 евра ќе подмирите сметки, пак е исто. Системот е таков што луѓето имаат за основни потреби, а во град потребите растат секој ден“ - вели таа. 

Богучанин Сарван смета дека не мора сите да живеат во град. Од овошките кои ги одгледува на село може да живее пристојно и без стрес, и како што вели да не робува на никој. 

Вели дека на имотот се трудат за живеат независно од системот, трошоците не се големи и не им требаат многу пари. 


„Нашата сметка за струја е минимална. Она што преноќило веќе не го јадеме. Немаме фрижидер, немаме ниту телевизор. Имаме лаптоп и интернет. Сметката за струја ни е околу седум евра. Купуваме некои намирници, на пример банани. Неделно за намирници сметката ни е 15 евра“ - објаснува Богучанин Сарван. 

Таа вели дека сака да живее на село во период кога сите сакаат да заминат во странство. 

Слично

Поврзани вести