ФОТО/ВИДЕО: „ВЕ ГЛЕДАМЕ“: На почетокот на судењето за „Пулс“, „Кој е следен“ со порака до судството
Граѓанското движење Кој е следен?, на почетокотна судењето за трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 лица, пред судницата каде што се одвива судењето, закачија транспарент со пораката „Ве гледаме!“. Со тоа сакаат да ја искажат нивната порака дека правосудната власт веќе е под лупа и мора да постапува транспарентно, професионално и без политички влијанија.
Учесниците велат дека нивното движење преку социјалните мрежи ја организирало интервенцијата со цел – да испрати јасен сигнал до институциите дека граѓаните ќе „погледнат“ што се случува, ако правдата не биде спроведена до крај.
„Судската власт од денес е под лупа!
Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи.Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот.
Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните?
Правдата за сите жртви од пожарот во Кочани не е желба - туку должност. Правда мора да има! ВЕ ГЛЕДАМЕ“, стои во објавата.
Слично
