Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ГРАЃАНИТЕ СЕ БЕСНИ: Повторно излегоа на протест поради загадениот воздух

(ФОТО+ВИДЕО) ГРАЃАНИТЕ СЕ БЕСНИ: Повторно излегоа на протест поради загадениот воздух

Скопјани попладнево повторно протестираа поради загадувањето на воздухот, поради пожарите на Дрисла и Вардариште. Тие се собраа во Аеродром за да го изразат револтот.

Веќе со недели скопјани чувствуваат дека квалитетот на воздухот е лош и тешко дишат. 

Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП „Дрисла“ за да ги утврди причините за пожарот. Според премиерот, Христијан Мицкоски, пожарот е намерно предизвикан.

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), во периодот од 10 до 12 септември, нема регистрирани надминувања за сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и озон.




Слично

Поврзани вести