Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТОВЕСТ: ВОЗИЛО УДРИ ВО БРЗА ПОМОШ: Нема крај на сообраќајниот хаос во центарот на Скопје

ФОТОВЕСТ: ВОЗИЛО УДРИ ВО БРЗА ПОМОШ: Нема крај на сообраќајниот хаос во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје попладнево, повторно се случи сообраќајна незгода. Според очевидци кои говорат за Фактор, автомобил удрил во возило на Итната медицинска помош, односно возачот не ја пропуштил Брзата помош да помине, иако биле вклучени ротационите светла.

Незгодата се случила во најстрогиот центар на градот и претпоставуваат дека возилото на Итната медицинска помош се движела во правец кон скопските клиники.

Истовремено, сведоците посочуваат дека нема крај на сообраќајниот хаос во главниот град, нагласувајќи дека се уште народот не може да престане со жалење да говори за големата трагедија кај Сити Мол, кога загина младата девојка од Радовиш, а по само два дена, повтрно сообраќајни незгоди и тоа во центарот на градот. 

ФОТО: Фактор

Слично

Поврзани вести