(ФОТО)ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Тешка сообраќајка кај мостот Обединети нации
Сообраќајка во која учествувале три возила се случила утрово на булеварот Партизански одреди, пред мостот Обединети нации, јавува Телма.
Ова предизвика голем застој па градските автобуси пред да бидат пренасочувани по другите улици, поминуваа преку велосипедската патека, додека пак другите автомобили возеа по пешачките тротоари. Во сообраќајката повредени се тројца, кои побарале медицинска помош во ургентниот центар во Скопје.

Фото Телма
Слично
