Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фоторепортажа од еден необичен ден и една кутија вакцини

Фоторепортажа од еден необичен ден и една кутија вакцини

Вкупно 4.680 вакцини - толку успеа да ни даде како донација денеска соседна Република Србија. Ќе биде донесен уште еден пакет до вкупно 8.000 вакцини. За вакцините имаше медиумска помпа, можеби и разбирливо, затоа што Македонија долго чекаше на првите дози вакцини против Ковид. 



И тоа во време кога Србија вакцинираше над 635.000 луѓе - државниот врв на оваа земја успеа да ги набави речиси од сите производители. 


Вакцинирањето кај нас ќе почне од среда и тоа со пријавените здравствени работници.


Денешниот ден значи е добар ден за земјата. Заев му се заблагодари на српскиот претседaтел Александар Вучиќ кој дојде и лично до Табановце. Заедно зборуваа па отидоа во винаријата Камник. Заев имаше и подарок за Вучиќ.



 

Вакцините веќе се во Македонија. Впрочем тоа е само една кутија - една помала кутија.

Фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести