Фотографот Љушев загина по пад во окно од лифт во Охрид
Познатиот охридски фотограф Кристијан Љушев е младиот охриѓанец кој вчера го загуби животот по пад во зграда во Охрид.
Иако до овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата во која тој настрада, неофицијално, креативниот уметник паднал во окно од лифт во зграда.
Како што пренесува Супер радио и OhridPress повредениот вчера, околу 15:00 часот, бил донесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди за негова реанимација, но истите за жал биле неуспешни.Љушев беше сопственик на продукцијата „Шпанец“ и има работено на бројни проекти, документарни емисии, видео спотови и останати материјали.
Слично
