Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фотографијата ми го врати чувството на дома“: Битолчанецот Јове во Шведска преку објективот ја чува Македонија

„Фотографијата ми го врати чувството на дома“: Битолчанецот Јове во Шведска преку објективот ја чува Македонија

Животот во странство често значи нов почеток, но и тивка борба со носталгијата, јазикот и чувството на припадност. За Јове Илиевски од Битола, преселбата во Шведска во 2011 година била токму такво искуство – предизвик полно со неизвесност, но и можност за нови патишта. Додека градел стабилен живот и кариера во индустријата за производство на млечни и протеински производи, една љубов од минатото никогаш не згаснала – фотографијата.

Токму преку објективот, Јове повторно ја пронаоѓа врската со своите корени. Фотографирајќи настани на македонската заедница во Шведска, семејни прослави и животни моменти исполнети со емоции, тој не само што создава спомени, туку и активно учествува во зачувувањето на идентитетот далеку од дома. Неговите фотографии стануваат мост меѓу две реалности – животот во уредена, стабилна Шведска и топлината на Македонија што ја носи во себе.

ЖМ: Од каде потекнувате и кога се преселивте во Шведска?

-Потекнувам од Битола, град кој секогаш ќе го носам во срцето. Во Шведска се преселив кон крајот на 2011 година, во период кога животот ми се менуваше од корен. Во Македонија работев како камерман и фотограф во продукција во Битола, па уште тогаш фотографијата беше дел од мојот живот и мојата страст.

ЖМ: Какви беа почетоците во Шведска?

-Искрено, почетоците не беа воопшто лесни. Секој што се преселил во странство знае колку е тешко да почнеш од нула – нов јазик, нов систем, нови луѓе. Ми требаше време да го научам јазикот и да најдам работа, но благодарение на поддршката од пријатели, целиот процес ми беше многу полесен. Со тек на време се прилагодив и почнав да го градам својот живот тука.

ЖМ: Со што се занимавате денес?

-Денес работам во компанија која се занимава со производство на млечни и протеински производи. Моја главна одговорност е следење на процесот на производство и контролата на квалитетот, што подразбира и многу лабораториски проверки. Тоа е работа што бара прецизност и одговорност, но ми дава стабилност.

ЖМ: Фотографијата остана дел од вашиот живот?

- Секако. Фотографијата никогаш не ја оставив. Таа љубов започна уште во Македонија и продолжи и тука. Најчесто фотографирам настани, детски и семејни фотосесии, матурски прослави, крштевки и родендени. Тоа се моменти полни со емоции и убаво е кога знаеш дека си дел од нечии најважни спомени.

Продолжението од интервјуто можете да го прочитате на Женски Магазин.

Слично

Поврзани вести