Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФОТОГРАФИЈАТА Е АВТЕНТИЧНА“ Сиљановска-Давкова реагира за обвинувањата дека се сликала со восочни фигури

„ФОТОГРАФИЈАТА Е АВТЕНТИЧНА“ Сиљановска-Давкова реагира за обвинувањата дека се сликала со восочни фигури

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потврди дека фотографијата со претседателот и првата дама на САД, Доналд и Меланија трамп е автентична.

„Почитувани, Ве информирам дека фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп. Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација. Упатувам апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип“, напиша Сиљановска-Давкова. 

Претходно, поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски обвини дека претседателката се фотографирала со восочните фигури на Доналд и Меланија Трамп.


Слично

Поврзани вести