Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фотографии од запленетиот хашиш: Бил наменет за Турција

Фотографии од запленетиот хашиш: Бил наменет за Турција

Околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масa запленила полицијата во акцијата на Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа. Пресечен е меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку земјава, па Бугарија, а крајна дестинација била Турција.


„По претходно преземени мерки,  во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава.МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, изјави Тони Ангеловски.



Слично

Поврзани вести