ФОТО:Горат стари автомобили, пожарникарите на терен со сите сили
Пожар избувна денеска во Визбегово, во близина на обиколницата во Скопје, каде што, според информациите, гори приватен имот на кој биле складирани стари автомобили.
Од Град Скопје информираат дека скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала и е на терен со сите расположливи ресурси.
- -Скопската противпожарна бригада веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува во справување со пожарот – информираат од Град Скопје.
Паралелно со гаснењето, на терен се присутни и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се известени и Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство.
- -Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола и да се утврди одговорност – додаваат од Градот.
Надлежните упатија апел до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат насоките на службите додека трае интервенцијата.
Од Град Скопје потенцираат дека нема да се толерира неодговорно однесување и создавање диви депонии кои го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина.
- -Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност – се наведува во соопштението.


