Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Жени маршираа за права: Поголема безбедност и мерки против дискриминацијата и сексуално вознемирување

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Жени маршираа за права: Поголема безбедност и мерки против дискриминацијата и сексуално вознемирување

Фото: Вангел Тануровски

Жените на денешниот осмомартовски марш за женски права побараа вредносен систем што им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството.

Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, маршот оваа година го организираше под слоганот „Нека јадат ружи!“.

Организаторите истакнаа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Тие потсетија дека жената не е безбедна ниту дома, ниту на улица, дека нема повеќе од 20 минути пауза во фабрика, ниту слободен ден во маркет, а споделеното родителско отсуство често не е опција. Воедно, нагласија дека на работа редовно се соочуваат со сексуално вознемирување, мобинг и сексизам.

- Сакаме да ги потсетиме институциите и јавноста дека повеќе нема да ги молиме полицијата и обвинителството да постапуваат навремено, туку будно повикуваме на вистинска заштита и поддршка за жртвите на родово базирано насилство - посочија тие.

Маршот, исто така, повика на вклученост на жените во урбанистичкото планирање, крај на експлоатацијата и работната дискриминација, како и на отворен и еднаков пристап до образование и кариерни можности.


Слично

Поврзани вести