Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Заврши скопскиот маратон, доминираа мајките

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Заврши скопскиот маратон, доминираа мајките

Фото: Вангел Тануровски

Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат е победник на Виз Ер Скопски маратон 2022. Тој претпладнево патеката долга 42 км низ улиците на македонската метропола ја истрча со време 2 часа 18 минути и 19 секунди.

Втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 2:23,07 часа, а трет Никола Илиевски со резултат 2:43,28 часа.

Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија со време 2:38,48 пред македонската атлетичарка Билјана Кираџиева која на целта стигна по со време 3:04,49 часа. Трета е Тамара Попов со време 3:23,00. 

Во полумаратонот (21 километар) најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Жан Тошев во машка конкуренција.

Учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави, а жителите на главниот град масовно излегоа на улиците да им дадат силна поддршка на учесниците.

Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија.

Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри беше пред Собранието, а целта на сите трки повторно беше на Плоштадот „Македонија“.


Слично

Поврзани вести