(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тивко пред Собрание
Фото: Фактор
Тивко и засега без големо присуство се одвива малубројниот протест против уставните измени на вториот ден од финалната фаза пред македонското Собрание.
Во моментов почетокот на собраниската седница е презакажан од 13 за 15 часот.

Се очекува поголемо присутво со почетокот на самата седница. Инаку синоќа полициските единици приведоа четири лица-учесници на протестот за нарушување на јавниот ред и мир.

Пратениците и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавија дека и денес ќе изразат незадоволство пред законодавниот дом.

Слично
