(ФОТОГАЛЕРИЈА) СТАРТ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО А1 АРЕНА: Ќе се вакцинираат околу 3.000 граѓани дневно
Во Спортскиот Центар А1 Арена „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинацијата на вработените во критичната државна инфраструктура кои се најизложени на ризикот од зараза со корона вирусот. Здравствените власти најавија дека на 48 позиции, дневно, од 8 часот наутро до 20 часот ќе бидат вакцинирани околу 3.000 граѓани.
Во моментов процесот на вакцинација се спроведува со руската вакцина Спутник V, донација од соседна Србија од каде што Македонија доби 20.000 + 20.000 дози за вакцина и ревакцина на 20.000 граѓани.
Еве како тече првиот ден од вакцинацијата против Ковид-19 во Скопје во спортската арена:
ФОТО/Вангел Тануровски
Слично
