ФОТОГАЛЕРИЈА: Со транспаренти и знамиња против францускиот предлог
Фото: Вангел Тануровски
Со голем број на транспаренти, знамиња и други реквизити пред Владата синоќа се одржа протест против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.


Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ го поддржаа политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.



Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.






