(ФОТОГАЛЕРИЈА) Се видоа во Влада по повеќе од една година: Министрите се вратија на седница со физичко присуство
По повеќе од една година Владата вчер аја одржа седницата со физичко присуство. Досега, а од кога важеа препораките за работа од далечина, од минатат година, сите седници се одржуваа преку видеоконференциска врска.



Инаку на вчерашната седница Владата ги усвои препораките со кои се олабавуваат дел од рестриктивните мерки. Меѓу нив и препораката за укинување на мерката за работа во смени и од далечина.

ДРугите одлуки се:
- Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
- Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители;
- Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
- Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
- Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
- Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.
На оваа седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.



