(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив
Во Скопје попладнево се одржа протест со барање властите да донесат мерки за да се справат со загадениот воздух, кој годишно зема илјадници животи.
Со протестен марш, кој почна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации го изразија своето незадоволство од високото ниво на аерозагадување во земјата.
„Имаме работа со комплетно неразумни политичари кои не тешат дека загадувањето не се решава преку ноќ. Колку ноќи им требаат на овие луѓе. Тоа не е ноќ, тоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив“, беше истакнато од говорниците на протестот пред парламентот.
Реагираа на проектираниот буџет за следната година, каде како што оценија, пари за загадувањето нема.
фото Вангел Тануровски






