(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БУГАРИЈА) Ковачевски и Петков на заедничка седница - еве кои се пораките
Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери.


„Позитивни пораки од посетата во Скопје и пријателскиот амбиент на оваа средба ни потврдува дека македонските и бугарските граѓани се исклучително заинтересирани за силни меѓусебни економски врски и за активности на соработка кои поврзуваат“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски.





Утврдувањето на заедничкиот календар на владите и на работните групи е од посебно значење за процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија низ реализација на реални планови и проекти, рече Петков.

Работниот дел од заедничката седница на двете влади ќе продолжи со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.
Во исто време ќе започнат и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади.
На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев.
Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.
Слично
