Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Мобилни тимови се во руралните места-еве како се одвива теренската вакцинација

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Мобилни тимови се во руралните места-еве како се одвива теренската вакцинација

И денеска продолжува теренската вакцинација во повеќе рурални населени места. На својот профил на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче објави повеќе фотографии од вчерашниот ден, кога стартуваше теренската вакцинација.

-Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. Со помош на локалните медиуми и плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација. Молам за поддршка од секој граѓанин во овој процес. Имаме мирна епидемилошка состојба и доволно вакцини односно идеални услови да вакцинираме што поголем број на граѓани. Комуницирајте со вашите блиски и познати ако сеуште не се вакцинирани да го направат тоа во најбрз рок. Само така ќе ја победиме пандемијата, пишува министерот 



Слично

Поврзани вести