Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТОГАЛЕРИЈА: ЌЕ НАСТРАДА ПАРАПЕТОТ КАЈ ГРАДИШТЕ - изведувачот требало, а не го отстранил

ФОТОГАЛЕРИЈА: ЌЕ НАСТРАДА ПАРАПЕТОТ КАЈ ГРАДИШТЕ - изведувачот требало, а не го отстранил

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.

Ова на својот фејсбук профил го објави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски. 

Тој објави и фотографии од стартот на рушењето. 

Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.


Слично

Поврзани вести